Поранешниот сопруг на актерката Рис Витерспун, Рајан Филипе можеби не го гледаме често во јавноста во последните неколку години, но затоа неговите обожаватели беа воодушевени од новите фотографии што ги сподели на својот инстаграм-профил кои предизвикаа бурни реакции…
46-годишниот актер објави фотографија на која се гледа како позира во костум во огледало во неговата спална соба. „Добив унапредување“, напиша Филипе во описот на фотографијата.
„Зошто не старееш?“, „Од која фонтана пиеш, што не старееш!“, „Изгледаш како да имаш 27 години“, „Дали сакаш да одиме на состанок?!“, беа само дел од коментарите кои се нижеа под неговата фотографија.
Потоа објави уште една слична фотографија под која напиша „Славете ги понеделниците. Ги имате толку многу“.
45-годишната Рис и Рајан се запознале во 1997 година на забава за нејзиниот 21-ви роденден, а една година подоцна заедно работеле на хит филмот „Cruel Intentions“.
Тие се венчаа во јуни 1999 година и заедно имаат две деца, 21-годишната Ава и 17-годишниот Дикон. Тие официјално се разделија во 2007 година.
Во едно интервју за списанието „Elle“, Рис го опиша својот развод како „многу понижувачки и изолирачки“, но рече дека научила важни лекции од оваа разделба.
„Гледате дека многу луѓе ја играат оваа игра на обвинување. Обвинувања, обвинувања, обвинувања. И тоа е навистина лесно да се направи, знаете? И јас секако сум виновна за тоа“ призна таа.
„Мора да погледнете во себеси и да се прашате „Кој дел од ова треба да го поседувам? Кој дел од ова е моја одговорност?“ И тоа е болната работа низ која треба да поминете со надеж дека ќе извлечете некаква поука“, тогаш изјави актерката.
Рис е во брак со агентот за таленти Џим Тот од март 2011 година и заедно имаат еден син, 8-годишниот Тенеси. Додека Рајан има уште една ќерка, 9-годишната Каи Кнап, од неговата поранешна романса со актерката Алексис Кнап.