Бруклин Бекам минатото лето доби поддршка од своите родители, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам, да стапи во брак со актерката Никола Пелц. Тие веднаш започнаа да планираат голема венчавка, но коронавирусот им ги поремети плановите.

Меѓутоа, Бруклин сега ги збуни своите обожаватели откако папараците го „фатиле“ со прстен кој наликувал на бурма, на левата рака.

Тие го фотографирале во Лос Анџелес, додека тој бил да купи прехрамбени производи. Облекол црни панталони и влуза, а поради темната облека прстенот на раката дополнително се истакнувал. Обожавателите потоа започнале да се сомневаат дека младиот Бекам можеби се оженил во тајност.

Фото: Профимедиа

Ова не е првпат Бруклин да покрене гласини. Неодамна тој сподели фотографија на која тој и Никола во рацете држат златна трака, а неодамна на вратот тој истетовира и цело љубовно писмо кое му го дала неговата љубов Никола.

За гласините за тајната венчавка, Бекам се уште не се изјасни.