Пејачот Никола Перевски попознат на јавноста како Пере од групата „Нокаут“ ужива во улогата на татко.

Пере во ноември минатата година стана татко по трети пат. Тој ја доби ќеркичката Софиа. А тогаш , среќната вест на социјалните мрежи ја сподели неговиот брат.

Иако пејачот не е многу активен на социјалните мрежи, одвреме навреме знае да ги изненади своите бројни обожаватели и пријатели со по некоја фотографија од приватниот живот. Така, овојпат гордиот татко сподели фотографија на која позира со својата преслатка и најмала ќерка Софиа која е веќе видно потпорасната.

Под фотографијата се нижеа бројни коментари, меѓу кои и од нашата позната алпинистка Илина Арсова која не можеше да оделее на преубавата фотографија „Големо бебее“, напиша Илина. По нејзиниот коментар следеше и коментар од пејачката Тијана Дапчевиќ која напиша „Софкаа љубоов“

Пејачот од претходниот брак ги има ќерките Михаела и Каја, а со неговата долгогодишна љубов Јована која за прв пат стана мајка, ја доби ќерката Софиа.