Познатата фолк-пејачка Јованка Житарова, позната како Јова годинава највеселата ноќ во годината ќе ја помине во кругот на семејството, нешто што не се случило многу одамна.

Таа вели, ова не значи дека ретко ги посетува нејзините, напротив и мината година со децата Зои и Картер најлудата ноќ ја поминале со нејзините родители, но оваа година плус ќе биде и нејзината сестра со децата.

Јованка Житарова/Инстаграм

– Долги години поминаа како ние четворицата, јас,  сестра ми Никица, мајка ми и татко ми не сме биле заедно за Нова Година. Мислам дека уште од детство тоа не се случило. Јас долги години немав своја забава за Нова Година, туку настапував, ги забавував другите. Потоа со години на овој ден сум славела на Алјаска.  Сестра ми секако некогаш била со друштво, потоа се омажи и некако мајка ми и татко ми сами си ја чекаа. Е оваа година ќе биде поинаку и многу се радувам. Нашето семејство е на купче како некогаш.  Ова им е чудно и на мајка ми и татко ми и на шега на сестра ми и на мене ни велат – да не беше короната и годинава сите ќе славевме на различни места. Вака короната не само што направи постојано да сме заедно во текот на обичните денови, па и за Нова година. Мајка ми и татко ми рекоа дека ќе се погрижат за новогодишната трпеза, дека ќе ги направат нашите омилени јадења, а јас и сестра ми треба да се погрижиме за расположение. Во нашиот дом отсекогаш се пеело и било весело, па така и оваа година. Тие рекоа дека ќе направат список на песни кои сакаат да им ги отпееме. Додуша јас да им ги отпеам, бидејќи сеста ми не е по пеењето, но таа ќе аплаудира. Како што ние пејачите цела година не настапуваме, богами аплаузот ни недостасува, вели Јованка и додава:

– Ова друштво ќе се зголеми за Божик. Тогаш треба да дојдат Зои и Катер и внук ми Ѓорги и мислам дека ќе го имаме највеселиот Божик.  За тогаш се планира и отворањето на подароците – вели таа.

Јованка Житарова/Инстаграм