Екипата на Милан го промовираше новото засилување, а тоа е Оливие Жиру од Челзи. Тој го задолжи дресот со бројот 9, со кој по заминувањето на Филипи Инзаги не се прославија напаѓачите. 34-годишниот напаѓач парафираше двегодишен договор со „росонерите“, вреден 3.500.000 евра по сезона (плус бонуси).