Веројатно поголемиот дел од вас сте слушнале за Меделин Врајт, фудбалерка, која минатата година доби отказ од клубот Чарлтон откако објави на социјалните мрежи видео како ужива и пие шампањ. Е, тој отказ се чини дека не и паднал тешко на Меделин, барем од финансиски аспект. Таа одлучила да прави провокативни фотографии и видеа и да ги продава на сајт за возрасни. Дури има и свој сајт, каде членството се плаќало по 33 долари за еден месец. Имало доста заинтересирани, бизнисот вцетал, но на изненадување на сите, во март оваа година одлучила да се повлече. Сепак, според медиумите од Англија, таа одлука „паднала во вода“. Бизнисот оди добро, па Меделин одлучила да остане уште некое време да ги „радува“ своите фанови со нејзините разголени фотографии и видеа, но освен тоа одлучила цената за месечната претплата да биде 45 долари.