Веројатно на македонската фудбалска јавност името Дејвид Симан е добро познато. Иако одамна беше тоа, сепак сите добро се сеќаваме на голот на Артим Шаќири од корнер во Саутемптон во квалификацискиот меч помеѓу Англија и Македонија (2:2). Долги години тој гол се вртеше по насловните спортски емисии, а од тој меч кариерата на Симан во репрезентацијата беше завршена.

Сега, малкумина се пишува за легендарниот голман на Арсенал. Во Англија во фокусот на вниманието е неговата ќерка Георгина.

Таа е многу популарна на социјалните мрежи, а очигледно е и зошто. Сепак, како што пишува „жолтиот печат“ за неа, таа е сосема независна од нејзиниот татко, има свој козметички салон, па бизнисот и оди многу добро. Очигледно е дека многу добро и оди и на социјалните мрежи.