По месеци поминати во локдаун (некои држави повеќе од другите), сите забележавме дека оваа „нова нормалност“ донесе промени врз нашиот начин на живот и ментално здравје. Но, со ослободувањето на мерките и сѐ послободното движење на отворено, стануваме свесни и за тоа дека долгиот период на локдаун извршил влијание и на нашиот физички изглед. Но, како и зошто?

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Transform Hospital Group ги истражуваше различните елементи што придонеле за диспаритет во нашиот изглед пред и по локдаунот. Еве што е нивниот заклучок:

Пред локдаун

Пред локдаунот сите бевме многу исцрпени и тоа секако веднаш се гледа на лицето, особено околу очите. Станувањето порано за на работа, седењето доцна навечер и долгите викенди поминати во забава резултираше со темни кругови околу очите и опуштена кожа.

Тој брз начин на живот влијаеше и на нашиот режим на нега на кожата. Имавме далеку помалку време да се грижиме за неа, па честопати се соочувавме со акни и дамки. Помалку време поминувавме на отворено, а долги часови бевме во затворена и климатизирана просторија.

Фото: Unsplash

Недостатокот на витамин Д и подложувањето на долги периоди на неприродна, вештачки контролирана клима резултираше со сува и безживотна кожа.

Но затоа пак, бевме помалку изложени на страв и грижи. Како резлутат на тоа, имавме помалку брчки, но имавме подлабоки линии околу усните затоа што се смеевме повеќе. Салоните за убавина беа отворени цело време, така што изгледавме многу посредено, а и поздраво – затоа што и редовно одевме во теретана.

По локдаун

Стресниот период се отслика на нашата кожа, ја направи поуморна и додаде нови линии што зборуваат за силниот емотивен пресврт и грижата за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.

Наместо да се гледаме со пријателите, семејството и да одиме на годишен одмор, најголемиот дел од времето минатата година го поминавме гледајќи во екраните: нашите телефони, компјутери и телевизори. Ова резултираше со суви и иритирани очи.

Unsplash
Фото: Unsplash

Ни недостасуваше да јадеме во нашите омилени ресторани, па наместо тоа се потпревме на испорачана храна и алкохол. Самиот факт што работното место ни се „пресели дома“, голем број од нас се опуштија во пиењето без страв од чувството на мамурлак на работа. За жал, по некое време тоа почнува да се забележува преку накачена килажа, потечено лице и нови дамки на кожата.

Погледнете ги фотографиите што ги доволуваат разликите кај мажите и жените:

Фото: transforminglives.co.uk
Фото: transforminglives.co.uk

Но, не е сѐ така лошо. „Добрата страна“ на локдаунот е тоа што сега се чувствуваме далеку поодморени. Темните кругови околу очите повеќе не се дел од нашето секојдневие, а почнавме и повеќе да ја прифаќаме нашата природна убавината. Сѐ почесто уживаме на сонце, затоа што слободното време го користиме да бидеме на отворено.