Шпанската кралска двојка неодамна го посети родното место на легендарниот сликар Франциско Гоја, а при таа посета, кралицата Летиција ја носеше познатата „бретон маица“ – парче што секој треба да го има во плакарот.

Кралицата се појави во малото гратче Фуендетодос во намалена, но ефективна комбинација – темно сини панталони со ремен и маица во риги. Изгледот го надополни со елегантна бела јакна и сандали, но маицата најмногу се истакна во тоа издание.

Во гардеробата на Французинките, за кои многумина сметаат дека се најдобро облечените жени на светот, сигурно ќе најдете барем една маица во риги. Иако кај нас, лентата или таканаречената морнарска маица сè уште е главно поврзана со летната гардероба, француските „бретон маиците“ ги носат во текот на целата година и во сите прилики, пишува на веб-страницата Задоволна.хр.

Легендарната Коко Шанел внесе морнарски ленти во светот на модата. Но, приказната за морнарскиот принт, или пругите не започнува тогаш. На 27-ми март 1858 година, во Бретанија се донесува закон морнарите да носат униформа, составена од плетена бела блуза со сини риги. Тогаш не била естетиката во преден план, туку сигурноста. Тогашните власти сметале дека доколку морнарите носат таква облека ќе бидат послесно воочливи, особено ако се случи да паднат преку палубата.

Секогаш вреди да се има маичка со риги во плакарот, без оглед дали станува збор за оригинална „бретонка“ или за кој било друг модел на маица со риги. Иако е лежерно парче, сепак зрачи со елеганција во познатиот француски шик.