Полицијата од Лос Анџелес вчера вечер упаднала во куќата на Мерлин Менсон за да провери дали пејачот е добро – само неколку дена откако неговата поранешна Еван Рејчел Вуд го обвини музичарот за „страшно злоставување“.

Полициските службеници во Лос Анџелес биле повикани во средата вечерта нешто по 18 часот поради наводен „вознемирувачки инцидент“ во близина на куќата на Менсон, пишуваат американските медиуми, пренесува „Noizz“.

Instagram
Instagram

Според ТМЗ, полицајците пристигнале на лице место кратко време откако еден пријател на пејачот ги повикал „загрижен за неговата благосостојба затоа што се плашел дека Менсон ќе се повреди“, откако со часови не се слушнале.

Очевидец за „The Sun“ изјавил дека полицијата тропнала на вратата на 52-годишниот рокер – но никој не одговорил.

Полицајците се откажале кога никој не им ја отворил вратата, но се вратиле во куќата на пејачот два часа подоцна, околу 20 часот, во обид да разговараат со некого во вилата – но повторно никој не одговорил.

Полицајците по долгите обиди добиле информација од вилата откако едниот од нив успеал да стапи во контакт со менаџерот на Менсон – кој го уверил дека е добро и дека едноставно „не сака да излезе“, објави ТМЗ.

Instagram
Instagram

Да потсетиме, поранешната свршеница на Менсон, актерката Еван Рејчел Вуд, го обвини Менсон за злоставување додека биле во врска.

„Ме подготвуваше да бидам негова жртва кога бев уште тинејџерка и ме злоупотребуваше со години“, напиша Вуд на социјалните мрежи.

Актерката и поодамна зборуваше пред јавноста за злоставување кое го доживеала, а дури сега го именуваше човекот кој според нејзините тврдења и го сторил тоа.

Instagram
Instagram

Пред две години, актерката изјави дека е во трауматска врска што ја предизвика ПТСН и спомена дека и забранил да користи мобилен телефон, ја изгладнувал и ја мачел.

По неа, пријавиле уште четири жени.

Досега има вкупно седуммина кои го обвинија Менсон за злоставување.