Сега е јасно на кого можат да му се заблагодарат за изгледот војвотката од Кембриџ и нејзината сестра Пипа…

Керол Мидлтон (66), мајката на Кејт и Пипа Мидлтон, беше фотографирана пред луксузниот имот каде што живее нејзината помлада ќерка Пипа со нејзиниот сопруг Џејмс Метјус.

Пипа Мидлтон неодамна ја роди ќерката Грејс Елизабет Џејн, а среќната и горда баба Керол влезе во куќата со насмевка додека нејзиното двегодишно внуче и правеше друштво, при што ги воодушеви сите со својот беспрекорен изглед и стајлинг.

Керол облечена во црна комбинација од глава до пети, привлече големо внимание.

Имено, таа носеше кратко здолниште кое ги истакнуваше нејзините нозе, а над тоа носеше долг црн капут.

„Згодна баба“, „Изгледа како да им е сестра“, се само некои од коментарите за изгледот на мајката на војвотката од Кембриџ.