Лејди Гага позираше топлес за новата, заводлива кампања за својата линија за козметика „HAUS Laboratories“, воодушевувајќи ги обожавателите низ целиот свет.

34-годишната поп ѕвезда го лансираше својот бренд во 2019 година и оттогаш постојано изненадува со својата креативна фантазија. Таа е многу вклучена и посветена на секој дел од процесот велејќи дека овој бренд навистина многу ѝ значи.

Instagram

Овојпат Гага се повторно се одлучила за „разголена“ варијанта, со долга коса обоена во светкава мешавина од тиркизни и виолетови нијанси. А многумина коментираа дека Гага била веројатно инспирирана од митот за сирените.

Шминкерката Сара Тано, која често работи со ѕвездата, го комплетирала нејзиниот изглед со светкаво кафеав кармин и шминка, истакнувајќи ги нејзините контури со бронзер и пудра за осветлување позната како „highlighter“.

Од „HAUS Laboratories“ не беа срамежливи навестувајќи дека станува збор за намерно провокативен изглед: – Времето можеби станува постудено, но ние малку ги загреваме работите, напишаа од компанијата.

Instagram
Instagram

За Гага оваа година беше навистина успешна и напорна. Покрај сите награди, признанија и нови ангажмани, таа го промовираше и својот шести студиски албум „Chromatica“ кој беше објавен на 29 мај.