Криси Тајген на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која позира со својот 2-годишен син Мајлс, но фотографијата не ги воодушеви нејзините обожаватели.
Навидум секојдневната фотографија за која Тајген воопшто не се двоумела да ја објави, предизвика лавина негативни коментари. 35-годишната американска манекенка на фотографијата ги крие нејзините голи гради со рацете додека нејзиниот син стои меѓу нејзините нозе.
Сопругата на пејачот Џон Леџенд налути многу нејзини следбеници со оваа објава, но ги имаше и оние кои застанаа во нејзина одбрана. Еден нејзин следбеник напиша „Што е ова… Дали само јас се срамам место неа?“, а коментарот доби повеќе од 700 лајкови.
Тајген дополнително ги „разгоре“ негативните реакции кога одговори „А кога би знаеле и дека се бањаме заедно“.
„Овде има многу луѓе кои очигледно никогаш не се обиделе да се подготвуваат за некој свечен настан со мали деца“; „Само мајка може да го знае какво е чувството да немаш никаква приватност!“, беа дел од коментарите.
Но Тајген по некое време избриша дел од негативните коментари, но фотографијата сè уште стои на нејзиниот инстаграм-профил.
Криси постепено се враќа на своите поранешни навики и ангажмани на социјалните мрежи откако направи пауза по трагичниот спонтан абортус кој го доживеа во октомври минатата година.