Иако многу фудбалери по завршувањето со активното играње на фудбал, се одлучуваат да бидат тренери, сепак не и Фернандо Торес. Еден од поранешните најдобри напаѓачи, кој играше за Атлетико Мадрид, Челзи, Ливерпул, Милан, сега не личи на себе. Имено, тој одлучи да тренира бокс, а според фотографијата што ја објави веројатно многу време поминува на „бенч“. Сега Торес воопшто нема физичка конституција за фудбалер, ниту наликува дека е поранешен фудбалски играч.