Цртајќи на креветот или столицата, на децата лесно им се случува од белиот лист хартија да „прејдат“ на мебелот и да остават флеки кои на родителите им задаваат главоболки.

На некои деца тоа им се случува и намерно, а ги има и оние мали бунтовници кои тоа го прават „за инает“, но како и да е сепак тоа се деца, и ние сме биле деца и сигурно сме го правеле истото.

Кога ќе здогледате такви дамки од хемиско пенкало или разни боици сигурно се прашувате што да направите и како да ги исчистите?

Една мајка на својот фејсбук-профил го сподели својот трик со чија помош ги отстранува дамките од хемиското пенкало од мебелот, а потребни ви се само две состојки – масло од чајно дрво и вода.

За чистење на мебелот употребила масло од чајно дрво и вода. „Растворив масло од чајно дрво во вода и го напрскав троседот и со четка триев“.

Таа споделила и фотографии од претходно уништениот мебел и мебелот по чистењето, а луѓето биле воодушевени од резултатот, многумина и се заблагодариле, а верувајте ќе и бидете благодарни и вие. Пробајте нема што да загубите!

Погледнете го резултатот…

Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук