Избрани славни личности се собраа во петокот на отворањето на хотелот „Goodtime“ во Мајами, кое славната двојка Викторија и Дејвид Бекам го искористија и за приватна прослава, а меѓу ВИП гостите беше и Ким Кардашијан.

Модната дизајнерка Викторија Бекам во петокот го прослави својот 47-ми роденден, а на роденденската забава во Мајами, присуствуваа бројни познати личности.

Ким, која неодамна стави крај на бракот со сопругот Канје Вест, се забавуваше на отворањето на хотелот „Goodtime“ во Мајами, а на својот инстаграм – профил и го честиташе роденденот на Викторија, споделувајќи заедничка фотографија.

Основачката на „KKW Beauty“ на забавата се дружеше со бројни познати личности, како 27-годишниот пејач Малума,  познатиот продуцент и пејач Фарел Вилијамс и угостителот Дејвид Грутман, ко-сопственик на ново луксузно место на плажата Мајами.

На забавата се прослави и отворањето на сезоната на фудбалскиот клуб Интер – Мајами, чиј косопственик е Дејвид Бекам. Двојката Бекам се забавуваше во опуштена атмосфера во ВИП област.