Нашата пејачка Каролина Гочева денес го прославува својот роденден. Кој би ѝ дал 41 година?

Гочева на својот инстаграм-профил објави фотографија со која им се заблагодари на своите пријатели и обожаватели за бројните честитки со убави желби по повод нејзиниот роденден.

Срце полно. Фала ви на честитките, денов не можеше да биде поубав. На здравје“, напиша Каролина во описот на фотографијата.

Иако Каролина не откри дали и каква роденденска торта имала, сепак се пофали со бројните честитки кои се нижат на социјалните мрежи од нејзините обожаватели, но и од познати јавни личности како Елена Ристевска и актерката Весна Петрушевска.

Instagram
Принтскрин / Instagram

Петрушевска ѝ го честита роденденот со фотографија од нивната последна дружба пред пандемијата.

Срце мое барав подобра фотка од твојата. Не успеав. Ама затоа најдов нешто од нашата приватна архива, фотки кои ми будат убави спомени и укажуваат на нашето убаво другарство. Вака да сме среќни и распеани цел жиот убавице, затоа што љубовта е взаемна. Среќен роденден. Те сакам“, ѝ посака Елена Ристевска.

Instagram
Принтскрин / Instagram

Сепак, веројатно најдрагата честитка е токму од нејзиниот сопруг кој сподели нивна заедничка фотографија.

Instagram
Принтскрин / Instagram