Чејан Рандал е уметник од Сиетл кој манипулира со фотографии од актери, музичари и други влијателни фигури од минатото и сегашноста. Тој дигитално „ги тетовира“, а со тоа започнува еден вид на социјален експеримент кој поставува големи прашања.

„Како би се променила нашата ментална перцепција за познати и влијателни личности доколку би ги виделе нивните тела покриени во тетоважи? И дали би го смениле ставот кон тетоважите доколку ги видиме нашите омилнени ѕвезди целосно истетовирани?“

Рандал го започнал овој проект сосема природно. Тој објаснува дека процесот се одвивал многу органски со текот на времето, уште од самиот почеток во 90-тите, кога го чекал својот ред во стоматолкошката канцеларија и ја убивал досадата цртајќи мустаќи и солзи врз лицата на насловните страници од списанијата.

Инспирацијата ја црпи од секаде.

„Понекогаш, тоа се стари списанија, понекогаш филм што го гледам или од песна што ја слушам“, открива тој за „Bored Panda“ и додава дека деновиве тој ги црта ствоите дела во „Procreate“.

Рандал посветува време во размислување и планирање на сликите.

„Давам сè од себе да вклучам аспекти од животот на субјектот во работата. Постојат позитивни и негативни реакции на луѓето кон мојата работа…Мојата надеж е дека ќе ја разгори имагинацијата”, вели Рандал.

Дефинитивно успева во тоа!