Неделата е совршен ден за уредување на детското катче на вашите најмили кое одамна го планиравте.

Поради пандемијата децата се повеќе поминуваат дома, одделени од другарчињата и редовните активности, а тоа нека биде причина плус нивната соба и простор за игра да ги претворите во омиленото место во домот.

Независно од возраста, најмилите го заслужуваат најдоброто. Согласно вашите можности и секако мала доза на креативност детската соба може да добие нова димензија.

Новиот распоред на играчките, убаво наредените детски сликовници, некои рачно изработени украси и предмети ќе бидат одличен старт.

Во продолжение проследете ги бројните препораки и инспирации кои се најдоа на социјалните мрежи.