Израел ја осуди Бела Хадид за учество на протести во њујоршкиот кварт Бруклин за поддршка на Палестинците во Газа, наведувајќи дека нејзината постапка е повик за „елиминација на еврејската држава“.

Учеството на супермоделот во протестот беше објавено на официјалниот твитер – профил на државата Израел, заедно со фотографија од Бела Хадид која учествуваше на протестот, облечена во традиционален палестински шал, маска и знаме на Палестина, пренесува „New York Post“.

„Кога познати личности како Бела Хадид се залагаат за фрлање Евреи во морето, тие се залагаат за укинување на еврејската држава. Ова не треба да биде израелско – палестинско прашање. Тоа треба да биде хуманитарно прашање. Срамота за вас“, се наведува во твитот.

Хадид, чиј татко е Палестинец, исто така учествуваше на протестите во Њујорк, а притоа и сподели објави на својот инстаграм – профил во кои ја поддржува Палестина и го истакнува своето палестинско потекло.