Американската манекенка и една од најпопуларните супермодели на 90-те години Синди Крафорд и нејзиниот сопруг, бизнисменот Ранде Гербер, купија луксузен пентхаус во Мајами за 3 милиони долари.

Имено, славниот пар го купил станот во ексклузивната „Ritz-Carlton“ резиденција во Мајами Бич.

Фото: Инстаграм

Не е познато точно кој апартман го купиле, но фотографиите покажуваат неколку примери од животниот стил во овој луксузен комплекс. Во зградата има станови со по 2 и 5 спални соби.

Фото: Профимедиа

Меѓу погодностите од светска класа кои ги нуди станбениот комплекс е и базенот на покривот со приватни кабини, ресторан, простор за нега на домашните миленици, студиото за јога и медитација, киното, друштвената соба, детската соба, библиотеката и градината.

Фото: Инстаграм

Ова е нивна втора инвестиција од почетокот на годината, со оглед на тоа што во јануари купија луксузна вила во Мајами на Флорида за 9,6 милиони долари.

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Инстаграм
Фото: Профимедиа