Актерката Шерон Стоун ја прими првата доза од вакцината против ковид…

Таа се пофали и со објава на Инстаграм… „Ја добив првата доза. Не беше тешко да се дојде на ред“, напиша таа покрај фотографијата на која ја прима инекцијата. Меѓу коментарите се истакна оној на Енди Мекдоуел. „Браво за тебе. Едвај чекам и јас да ја добијам мојата доза“, напиша таа.

Актерката минатата година од ковид ги загуби бабата и кумата, а нејзината сестра и зет беа во тешка состојба борејќи се за животот.

„Мојата сестра Кели, која има автоимуна болест, сега има и корона. Некој од вас кој не носел маска е виновен. Таа нема имунолошки систем, а била само до аптека. Во нејзината област нема тестирање освен ако некој има симптоми, а на резултатот се чека дури пет дена. Носете масака! Поради себе и другите, ве молам“, изјави тогаш Шерон.

Кели и нејзиниот маж закрепнаа во меѓувреме, а Шерон со првото вакцинирање им се придружи на славните колеги кои исто така ја примиле првата доза. Џејн Фонда, Шон Пен, Стив Мартин, Арнолд Шварценегер…. се само дел од нив.