Изгледа дека освен Камила, но и починатата сопруга Дијана, Чарлс имал и трета голема љубов…

Во британските медиуми долги години се следи врската меѓу принцот Чарлс и Камила, кои најпрвин беа во брак со други личности, а потоа се венчаа во 2005 година по бројните перипетии, но сега медиумите откриваат уште една голема љубов на принцот Чарлс.

Сепак, изгледа дека освен Камила, но и починатата сопруга Дијана, Чарлс имал и трета голема љубов.

Како што пишува британскиот магазин „Express“, принцот имал бројни жени во младите денови, а една за него била посебна. Станува збор за Дејл Трајон, која била сопруга на еден од најдобрите пријатели на Чарлс, лордот Ентони Трајон.

Фото: Профимедиа

„Некои дури зборуваат и дека Чарлс ја опишувал неа како единствената жена која го разбира него. Дејл со години внимателно зборувала за Чарлс во јавноста и демантирала дека некогаш била во врска со него“, изјави извор близок на кралското семејство.

Како што се наведува, додека бил со Дејл во исто време започнала и неговата врска со Камила!

Дејл својот син го крстила Чарлс, а починала само 3 месеци по принцезата Дијана. Се зборува дека таа и Камила не се поднесувале.