Пред да се прошета по розовиот тепих, Хали Бери го покажа својот нов изглед објавувајќи фотографија на нејзиниот инстаграм – профил, но нејзината доминација на овогодинешните оскари во друштво на нејзиниот партнер Ван Хант ги воодушеви присутните како и нејзините бројни фанови.

Во оваа прилика, Хали избра прекрасен, лелеав фустан во пурпурна боја, дизајн на „Долче и Габана“, но нејзината нова фризура привлече уште поголемо внимание – краткиот, остар боб го освежи нејзиниот изглед.

„Ван и Хали го украдоа шоуто на овогодинешните оскари“, проценуваат модните магазини, а фризерите можат да сметаат на оваа фризура да стане тренд преку ноќ.

„Се чувствувам најубаво кога имам супер кратка коса. Тогаш се чувствувам најблиску до мојот сензибилитет и најсигурна во себе“, изјавила Бери за Хафингтон пост во 2012 година.

„Растејќи чувствував дека ако немам долга коса, нема да бидам убава. Јас секогаш мислев така. Кратењето на косата ме ослободи“, објаснила тогаш актерката.