Владимир Крстевски или попознат во јавноста како Франц од „Нокаут“, веќе долго време живее надвор од Македонија, а заедно со својата сопруга Ема и двете мали ќерки го живеат американскиот сон во Лос Анџелес – Калифорнија.
По повод вториот роденден на нивната прва наследничка, малата Мелоди, Ема сподели прекрасни фотографии на својот инстаграм – профил.
Парот е активен на оцијалните мрежи кои се одлично место за комуникација и споделување на убави моменти и спомени со нивните пријатели, како и членовите на семејствата.
Честитките за роденденот на Мелоди се редеа, а мама и тато од се срце и посакаа се најдобро во животот.
Владимир „Франц“ Крстевски, поранешниот член на групата „Нокаут“ во последните месеци од измината пандемиска година по втор пат стана татко. Семејството Крстевски тана побогато со уште една млада дама по име Мона.