Проекциите на CNN покажуваат дека трката во Сенатот е неизвесна – моментално е 48:48, додека во Претставничкиот дом ситуацијата е значително во корист на републиканците – 199 места наспроти 178 на демократите.

Advertisements

Станува збор за избори што се одржуваат среде претседателскиот мандат на Џозеф Бајден.

Ако во Сенатот е 50:50, како на изборите во 2020 година, тоа ќе значи дека демократите се уште го држат горниот дом на Конгресот, бидејќи го имаат гласот на американската потпретседателка Камала Харис. Ако победат републиканците, тие ќе ги држат двата дома на Конгресот.

Фото финиш на трката за Сенатот

Државите во кои се води клучната борба за Сенатот се: Невада, Аризона, Џорџија и Висконсин.
Демократите се поблиску до освојување на Аризона и Џорџија, додека републиканците се во предност во Висконсин и Невада, но сѐ уште ништо не е решено.

Многу е тесно во Џорџија, каде што со преброени 96 отсто од гласовите, демократот Хершел Вокер има мала предност пред републиканецот Рафаел Ворнок, со околу 18.000 гласови.

Во Аризона, по преброени 67 отсто, води демократот Марк Кели со околу 106.000 гласови пред  републиканецот Блејк Мастерс.

Во Висконсин, републиканецот Рон Џонсон има тесно водство пред демократот Мандела Барнс – 31.700 гласови, 50,5 отсто наспроти 49,3.

Невада е исто така мошне  неизвесна. Преброени се 80 отсто од гласовите, а води републиканецот Адам Лакул со само 22.600 гласови пред Кетрин Кортез Масто, што е 49,9 спрема 47,2.

Извор: CNN