Каталонскиот тим пред неколку дена ги почна подготовките за новата сезона. Досега одиграа два пријателки меча, двата ги добија, против Гимнастик 4:0 и Жирона 3:1.

Но, вниманието на новинарите на еден од последните тренинзи го привлече фотографијата на Рики Пуиг. Овој 19 годишен фудбалер на спомнатата фотографија неодоливо потсетува, односно наликува на легендарниот холандски фудбалер Робин Ван Перси.

Самиот Ван Перси, кој играше за Арсенал и Манчестер Јунајтед, на социјалните мрежи ја сподели оваа фотографија признавајќи дека сличноста  е неверојатна.