Нема сомнение дека Македонецот е еден од најдобрите на својата позиција во историјата на ракометната игра, а еве стигна уште едно признание, доказ..

Читателите на данската „ТВ 2 Спорт“ гласаа и ги избраа најдобрите играчи во последните 10 години на секоја позиција.

Кирил Лазаров во својата категорија десен бек убедливо го освои првото место со 59% гласови, пред Ласло Наѓи (Унгарија, 16%), Алекс Душебаев (Шпанија, 10%), Хорхе Македа (Шпанија, 8%) и Холгер Гландорф (Германија, 7%).

Најдобар голман: Никлас Ландин (Данска)
Најдобро лево крило: Андерс Егерт (Данска)
Најдобро десно крило: Ласе Сван Хансен (Данска)
Најдобар пивот: Бјарте Мирхол (Норвешка)
Најдобар десен бек: КИРИЛ ЛАЗАРОВ (Македонија)
Најдобар лев бек: Микел Хансен (Данска)
Најдобар среден бек: Никола Карабатиќ (Франција)

Исто така се гласаше и за најдобрите ракометарки на светот, како и најдобри тренери. Повеќе ТУКА