Били Ајлиш се појави на насловната страница на најновото издание од магазинот „Vogue“ за британскиот пазар. Фотографијата која ја објави таа на Инстаграм буквално го сруши интернетот.

Во само една минута, фотографијата која ја објави собра повеќе од десет милиони лајкови, што е рекорд за најголем број на лајкови во толку краток временски интервал.

Таа позира во смело изадние – наместо широката облека, во која сме навикнати да ја гледаме, таа храбро ги покажа своите облини.

Пејачката која всушност е позната по широкото облекување се фотографираше во долна облека и корсети во кремаста, розева и црна боја, а нејзините фотографии воодушевија многумина.

Фотографијата инаку влезе во топ 10 најлајкувани фотографии на сите времиња на Инстаграм.