Австралиецот Алекс Вајт пронашол жива отровна змија во зелена салата купена во супермаркет во Сиднеј.

Тој помислил дека станува збор за црв, сè додека не го видел јазикот на малата змија.

Се избезумив кога видов дека тој мал јазик излезе од устата и почна да се движи, па сфатив дека тоа е змија, бидејќи црвите немаат јазик“, рекол Вајт.

Станува збор за отровна змија од ендемичен вид во Австралија, која била спакувана во пластиката со салатата.

facebook
Извор: Facebook

Официјални лица претпоставуваат дека змијата била заспана сѐ додека Вајт не ја купил салатата. Најлонското ќесе било искинато и змијата можела да излезе, а од спасувачката организација која подоцно дошла да ја земе змијата, му рекле на Вајт дека, доколку змијата го каснала, ќе морал веднаш да оди во болница.

Синџирот на продавници „Алди“ од каде била купена салатата, истражува како се случил несаканиот настан.

Змијата ќе биде вратена во Квинсленд оваа недела, според прописите што налагаат единката да се врати во своето природно