Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на доскорешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме му додели плакета во знак на признание и благодарност за постигнатиот резултат.

Ангеловски веќе не е на чело на репрезентацијата, но неговите пет години засекогаш ќе останат запишани, бидејќи во негово време нашата репрезентација се пласираше на Европско првенство.