Обожавателите на актерката стравуваат дека Анџелина Џоли (45) повторно се бори со анорексија. Џоли во минатото соопшти дека се соочувала со опасно нарушување во исхраната во тинејџерските денови.
Познатата холивудска актерка деновиве беше фотографирана со своите ќерки Захара и Вивиен во Лос Анџелес.
И покрај заштитните маски кои речиси им ги покриваат лицата, сепак, тие не можеа да останат незабележани.
Фотографиите кои почнаа да се шират по социјалните мрежи ги загрижија бројните обожаватели на актерката која во последно време речиси целосно е повлечена од јавноста.
Обожавателите стравуваат дека Анџелина повторно се бори со анорексија, покрај нејзиниот изглед, сепак, тие се сеќаваат на изјавата на Џоли дека имала проблеми со исхраната како тинејџерка.
Подоцна во нејзината кариера, за екстремно „слабиот“ изглед таа велеше дека станува збор само за губење на апетит поради премногу стрес или траума, но никогаш не спомна ништо поврзано со анорексија.