Една од најубавите манекенки на светот ужива во новата романса…

Славната бразилска манекенка Алесандра Амброзио (40) е уловена од папараците со новиот партнер Ричард Лиј на плажата во Санта Моника, едно од најдобрите места во Калифорнија.

Фото: Профимедиа

Поранешниот ангел на Викторија Сикрет и нејзин избраник уживаа на песокот впивајќи ги сончевите зраци, а дека се вљубени со уши покажуваа и нивните сочни бакнежи.

Фото: Профимедиа

Во розевиот едноделен костим за капење со интересните контури кои откриваа малку повеќе, Алесандра ја покажа совршената линија во петтата деценија. Таа носеше и портокалово капче и очила за сонце.

Фото: Профимедиа

Парот не им обрнуваше внимание на љубопитните минувачи и уживаше разменувајќи бакнежи.

Фото: Профимедиа

Алесандра има син и ќерка со поранешниот вереник, претприемачот Џејми Мазуро со кој раскина во март 2018 година, а три месеци подоцна беше во врска со италијанскиот бизнисмен Никола Оди, но и на таа врска набрзо и стави крај.

Фото: Профимедиа