Американскиот актер, писател, продуцент и комичар Алек Болдвин на 3 април го прослави својот 63-ти роденден, а во младоста бил еден од најатрактивните мажи во Холивуд и познат„срцекршач“.

Болдвин денес е целосно посветен на своето семејство уживајќи во бракот со неговата 26 години помлада сопруга Хилариа Болдвин, со која има шест деца.

Актерот неодамна се пошегува дека неговата сопруга е „колекционер на бебиња“.

„Им кажувам на луѓето дека мојата сопруга е колекционер. Некои собираат автомобили, некои собираат часовници или уметнички дела. Мојата собира собира бебиња. Едноставно обожава бебиња“, изјави тој во разговор со Елен Деџенерис.

Болдвин од претходниот брак со неговата поранешна сопруга, актерката Ким Бесингер ја има ќерката Ајрленд, која е негово прво дете од вкупно седум.