Над 50.000 луѓе присуствуваа на рок концерт во Окланд, Нов Зеланд. Сите беа изземени од правилата за физичко дистанцирање, откако државата го победи вирусот Ковид-19 со строги ограничувања. Ова е најголем ваков настан во светот од почетокот на пандемијата на коронавирусот.
Групата Six60 свиреше пред голема публика низ целата земја, а синоќешниот концерт беше финалето на турнејата и се одржа на најголемиот стадион во Окланд.
Во Нов Зеланд, каде живеат околу пет милиони жители, се евидентирани само 2.601 случаи на коронавирус, а починаа 26 лица. Во моментов, активни се само 33 случаи.