По неверојатниот трансфер на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија, „Форбс“ ја објави најновата листа на најплатени фудбалери во светот. Португалецот во Ал Наср, според информациите на „Форбс“ ќе биде најплатениот фудбалер во светот. Според овој извор годишно ќе заработува 189.322.224 евра. Платата на Роналдо е са 28.000.000 евра поголема од платите на Мбапе и Меси во ПСЖ.
На второ место е играчот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој заработува 104.137.080, додека на третото место е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лео Меси со 61.518.076 евра по сезона.
Следува Нејмар кој заработува 52.029.136 евра по сезона, па Мохамед Салах, Ерлинг Халанд, Роберт Левандовски, Еден Азар, Андрес Иниеста и Кевин де Брујне./Makfax/