Соборен нов светски рекорд. Мачката Флоси (26) од југоисточен Лондон влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата жива мачка во светот.
Нејзината возраст е еквивалентна на 120 човечки години.
Сопственичката Вики Грин ја опишува како „неверојатна мачка“. Ја прими затоа што никој не ја сакаше. Беше глува, слабо гледаше, но беше нежна и разиграна.
„Никогаш не замислував дека ќе го делам мојот дом со Гинисовата рекордерка. Таа е толку слатка и разиграна, па дури и послатка кога ќе сфатите колку години има“, рече Грин.