Лидерот на табелата во Втората лига, тимот на Гостивар, продолжи да се засилува во пресрет на пролетната полусезона. По ангажманот на Симеон Христов кој дојде од големиот ривал Вардар, раководството на гостиварци ангажираше уште еден млад напаѓач. Рејан Абази од денеска е нов фудбалер на Гостивар.

Advertisements

Тој доаѓа од Локомотива и може да игра на сите позиции во офазивната лнија, а претходно беше дел од Шкупи, Кораб и Работнички.

Од Гостивар по двете нови засилувања, заминува офанзивецот Хусеин Демири, кој во наредните денови ќе побара нова средина. /Makfudbal/

Прикажи повеќе