Фирмите наскоро ќе може да аплицираат за Ковид 4 бескаматната линија преку Развојната банка, дел од Петтиот пакет мерки, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Како што истакна издвоени се 615 милиони денари или 10 милиони евра, а фирмите ќе можат да аплицираат за кредити од 3.000 до 30.000 евра. Предвидено е за компаниите кои ќе го зголемат бројот на вработени или прометот дел од бескаматниот кредит да им се трансормира во грант.

– Advertisement –

Преку трите бескаматни линии, кои досега беа пласирани преку Развојната банка, досега се зачувани 36.800 работни места во преку 2.700 фирми, а инјектирани се 44,1 милиони евра во стопанството.

Прикажи повеќе