Новите слики од продукцијата на филмот „Mank“ покажуваат како би изгледала верзијата на црно-белиот филм на режисерот Дејвид Финчер, во боја.

Гери Олдман го толкува Херман „Манк“ Манкиевич – духовит сценарист познат по соработката со Орсон Велс на сценариото на „Граѓанинот Кејн“. Приказната ги следи Манк и неговите стари холивудски подвизи, од неговите почетоци како сценарист и турбулентните периоди.

Првиот филм на Финчер по „Gone Girl“ од 2014 година, „Mank“ доби позитивни критики од филмските критичари, а многумина веќе го нарекоа еден од најдобрите филмови за 2020 година.

Кинематографијата и продукцискиот дизајн на „Mank“ беа исто така издвоени како уникатен додаток на модерното филмском остварувања во продукција на „Netflix“.

Ерик Месершмит, кој ја сними серијата на Финчер „Mindhunter“, го замени кинематографот на Финчер, Џеф Кроненвет – одлука што јасно влијаеше на различниот изглед и чувство на „Mank“.

Неодамна, „Netflix“ им понуди на обожавателите „внатрешен преглед“ на начинот на кој креативниот тим ги прилагоди својот модерен пристап на изгледот на 1940-тите.

„Netflix“ на „Twitter“ објави фотографии во боја од филмот, прикажувајќи како црно-белиот филм бара детален избор и внимание.

Материјалите биле детално избирани затоа што во филмот не се гледаат нивните природни бои. Шминката претставувала сличен проблем, бидејќи раководителот на одделот за шминка Џиџи Вилијамс истакна дека морала да тестира неколку различни нијанси на кармин, за да утврди кој ќе премине најдобро во црно-белата верзија на филмот.

Од премиерата на „Mank“ на „Netflix“ на 4 декември минатата година, филмот се смета за фаворит кандидат за Оскар, а воедно има и најмногу номинации за престижните награди „Златен глобус“ во шест категории.

Објавени номинациите за „Golden Globe Awards“: Еве ги фаворитите