Одложеното продолжение на трилерот „A Quiet Place“ стана најголемиот хит на северноамериканските бокс-офиси од почетокот на пандемијатa.
Филмот „А Quiet Place“ заработи околу 48 милиони американски долари за време на првиот викенд по премиерата.
Тоа ги надмина предвидувањата и не беше далеку од 55 милиони долари колку што првично се предвидуваше дека ќе заработи филмот во март 2020 година, според „Variety“.
„Речиси можете да ја слушнете колективната воздишка на олеснување од директорите на студиото низ Холивуд“, пишува списанието.
Во последните неколку месеци киносалите во САД повторно се отвораат, но голем дел од нив со намалени капацитети. Постоеше неизвесност дали луѓето би се вратиле во кино салите, особено откако ќе се навикнат на практичноста на бројните стриминг услуги.
Во меѓувреме, другото поголемо филмско остварување од неодамна е филмот „Cruella“ на „Disney“, во кој Ема Стоун е во главната улога на негативецот од 101 далматинец.