-Активни се сите служби во министертството за образование и наука, ги собираат сите податоци на дневна основа, веднаш ги споделуваат со нас и со ДСЗИ и засега не гледаме дека училиштата се ризик во однос на епидемиолошката ситуација, односно здравјето на децата, изјави министерот Венко Филипче утрово.

Министерот информираше и дека вакцинацијата кај повозрасните категории се одвива тековно и повика во процесот да се вклучат и помладите категории на граѓани.