Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата 24 анализа рече дека не е точно дека некогаш системот бил загрозен, туку се обезбедило доволно капацитети за третман на сите пациенти болни од ковид.
„Во општините каде бројката беше ниска, сега таа расте. Сега обезбедуваме дополнителни одделенија и имаме сосема доволен број на кревети. Во овој момент со сегашната динамика на прием на пациент има одличен менаџмент.“ – рече Филипче.
Тој рече дека не се исклучува можноста за карантин. Смета дека младите не ги почитуваат превентивните мерки и продолжуваат со комуникацијата и тие се голем преносител на вирусот. Вели дека следниот период ќе има простор да се видат резултатите од полицискиот час.
Министерот рече дека многу е важно да во делот на вакцинирањето како стратегија да се обрне внимание на приоритетната група. Тоа се здравствените работници и ќе бидат сите покриени и ќе бидеме една од ретките земји во регионот и Европа каде сите здравствените работници кои работат со ковид се имунизирани.
„Интересот е 80% кај здравствените работници. 20% не се јавуваат од закажаните на вакцинација.“ – рече Филипче.
Во врска со антителата, министерот рече дека сме во ситуација каде бројни испитувања точно да се утврди како и на кој начин ќе се вакцинираат луѓето кои прележале ковид, дали со една доза.
„Она што следи во некој период, не се само антителата доказ дека имаме заштита од вирусот. Тие ќе се изгубат со во еден момент и ќе остане мемориски имунитет на имуните клетки кои во прв контакт со клетките со вирусот и да повторно креираат антитела.“ – вели Филипче.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.