Во моментов во државава на располагање има 300.000 вакцини, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Околу 9 проценти од смртните случаи се вакцинирани, но тоа се пациенти кои имаа тешка состојба и со сериозни коморбитети – посочи Филипче, додавајќи дека никој во светот не кажал дека вакцината целосно штити од вирусот.

Според него, трендот на вакцинирање во нашата земја се одвива со добра динамика.

Сите испитувања одат во насока дека трета доза ќе биде потребна, но чекаме тие наоди да ги официјализираме – рече министерот за здравство.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.