Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), објави дека возачите на Формула 1 ќе можат да даваат политички, религиозни и лични изјави во „својот личен простор“. Во соопштението, ФИА посочува дека ќе бидат казнети доколку го кажат својот став за време на натпреварувањето, пренесува „Скај Спорт“.

Advertisements

На возачите ќе им биде забрането да даваат такви изјави за време кога се прогласува победникот на трката и во други официјални прилики, освен во „исклучителни случаи“. ФИА се огласи по реакцијата на возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Ландо Норис, кои претходно оваа недела ги обвинија директорите на Формула 1 дека се однесуваат кон возачите како да се „ученици од основно училиште“.

ФИА одлучи да испрати документ со подетални објаснувања до сите тимови. Во документот се наведува дека возачите сепак ќе можат „да ги изразат своите ставови за кое било политичко, верско или лично прашање“ во „својот простор“ и надвор од официјалните трки, преку нивните канали на социјалните мрежи или за време на интервјуата.

Новата сезона во Формула 1 започнува на 5. март со Големата награда на Бахреин.

Прикажи повеќе