Изборот на најдобар спортист на Македонија во организација на Агенцијата за Млади и Спорт (АСМ) предизика револт и незадоволство во Фудбалската федерација на Македонија.

Advertisements

Фудбалската репрезентација на Македонија во баражот за пласман на Светското првенство го елиминира актуелниот европски шампион Италија, но, не доби признание за ова достигнување при изборот на АМС.

„Во последните неколку години мислевме дека видовме се од Агенцијата за млади и спорт, но секогаш успеваат да направат повторно да се „фатиме за глава”. Од сите доделени награди, додаваме и една што не беше доделена. Македонската фудбалска репрезентација во 2022 година ја оствари најголемата победа во својата историја. Европскиот првак, Италија падна во Палермо“, се вели во реакцијата од Фудбалската федерација на Македонија.

Прикажи повеќе