Судскиот спор траеше речиси две години.

Рожер Федерер конечно по судски пат го врати својот препознатлив знак „РФ“.
Швајцарецот привремено ја загуби сопственоста над својот заштитен знак кога го раскина договор со американскиот производител на спортска опрема „Најки“ и стана „манекен“ на јапонскиот „Уникло“.

Логото го смисли „Најки“ кој го задржа по прекинот на соработката, но судот одлучи дека победник во спорот е швајцарскиот тенисер кој ја доби сопственоста над „РФ“.

Покрај „РФ“, Федерер заштити уште едно ло „Р.“ кое најверојатно ќе биде користен за разни производи со неговот име.

Откако го раскина договорот со „Најки“, Федерер потпиша десетгодишен договор со „Уникло“ за што ќе добива по 30 милиони долари годишно.