Вакцините да бидат безбедно и навремено транспортирани и чувани во соодветни услови додека да стигнат до пунктовите за вакцинација, велат од компанијата „Фајзер“ за ТВ 24, на прашањето дали земји кои набавиле вакцини смеат да донираат или да препродаваат на други земји, како што е случајот со Србија и Македонија.

Важно е вакцините да останат во рамките на утврдениот синџир на снабдување за да можеме да обезбедиме дозите да стигнат до предвидените популации во добра состојба и да се администрираат онаму каде што е соодветна поддршката за давателите на здравствени услуги и каде будноста во фармакологијата е во функција“, одговориле од компанијата, додавајќи дека имаат развиено детални логистички планови и алатки со кои се обезбедува транспортот, чување и постојаното следење на температурата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.