Фармацевтскиот гигант Фајзер ја спроведува првата фаза на клинички испитувања на антивирусна орална терапија што може да ја земе пациент со ковид-19 кога ќе ги развие првите симптоми.

Во случај на добри резултати, ова би можело да биде првата орална антивирусна терапија за коронавирус.

– Advertisement –

Таблетата се тестира во САД и се потпира на инхибитори на протеаза – ист вид технологија што се користи за лекување на ХИВ и хепатитис Ц, пишува Форбс.

Студијата е комбинирана и вклучува плацебо групи со студии за единечна и повеќе дози.

Компанијата, исто така, проучува интравенски антивирусен лек за лекување на ковид-19, кој сега е клинички тестиран на пациенти со ковид-19.

– Заедно, овие два лека имаат потенцијал да создадат третман што ја надополнува вакцинацијата – изјавил  научникот од Фајзер, Микаел Долстен.

Прикажи повеќе