Фајзер заврши со пријавување на деца на возраст од 12 до 15 години за студија за тестирање на вакцината против Ковид-19, со оглед на тоа што американскиот производител на лекови сака да ја прошири употребата на вакцината меѓу различни возрасни групи.

Студијата, која е направена во октомври, опфаќа повеќе од 2.000 учесници, се вели во соопштението на „Фајзер“.

Вакцините на Фајзер и Модерна, кои се користат во САД, сè уште не се достапни за употреба кај деца поради недоволни податоци од истражување. Имено, децата ретко имаат сериозни симптоми на Ковид-19, но сепак можат да го шират вирусот.

Минатиот месец, Модерна исто така почна студија за тестирање на вакцината кај адолесценти на возраст од 12 до 18 години.